Скандалозен оглас за вработување во кочанската болница

Нов скандал ја тресе кочанската болница. Овој пат реакциите доаѓаат од млади лекари кои аплицирале на последниот оглас за вработување, според кој требало да се примат првите шест рангирани кандидати. Тврдат дека наместо трето и шесто рангираниот, примени се кандидати кои со просек и број на поени се нашле на седмо и осмо место на ранг листата.

Од страна на комисијата за селекција бев регуларно отценет по просек, поени од стручен испит и поени од англиски јазик и бев рангиран на трето место. Додека мојот колега Андреј Коцев беше рангиран на шесто место по истите критериуми„ изјави Стојан Лазаров.

„Директорот Александар Серафимов како што пишува во одлуката се повикува врз основа на ранг листата предложена од комисијата за селекција, без основа, спротивно од предложеното не трга нас трети и шесто рангираните и без основа ги прима седмо и осмо рангираните кои имаат двоцифрен број на поени како и помал просек„ кажа Андреј Коцев.

   Младите доктори прашувааат која е потребата од полагање, комисија и просек , ако директорот сам одлучува кој ќе ги лекува пациентите. Засега од директорот немат добиено конкретен одговор по кој основ ја донел ваквата одлука. Бараат итна средба со министерот, но најавија и кривична пријава против првиот човек на кочанската болница.

  „Неговиот став е потпишана одлуката за примање наа кандидатките без основа седма и осма иако имаат помалку поени, не ни даде конкретен одговор зошто е таа одлука така донесена„-изјави Стојан Лазаров.

„Бараме државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен до која ќе биде поднесенаа жалба во текот на наредната недела против оваа одлука да донесе одлука врз основа на ранг листата„-изјави Андреј Коцев

Безуспешни беа обидите телефонски да го добиеме директорот на болницата за да образложи зошто на огласот за вработување се примени кандидати со помал просек и поени.

Инаку за само еден месец ова е трет скандал шо ја тресе кочанската болница. Претходно им беше украдено амбулантно возило, а имаше и тепачка помеѓу три вработени.

Александра Ристевска

Advertisements