„Сите сити“ нов систем за донирање вишок храна

Илјадници сограѓани легнуваат со празен стомак и со помислата што ќе јадат утре. Во земјава се создаваат над 12 илјади тони отпад храна, која според организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, може да нахрани над 25 илјади граѓани.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска тврди дека во изминатиов период работат на донесување на Закон за донирање на вишок храна во државата, а со тоа според Царовска ќе се намали вишокот на храна во компаниите како и  решавање на проблемот со глад во државата

Пооставуваат пример за развој на социјалното претприемаштво, коешто може да нуди навистина квалитетни услуги за најранливите категории граѓани. На овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. Токму затоа, ние, како Влада и Министерство ги развиваме социјалните претпријатија од коишто државата ќе има можност да купува услги изјави Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика

Од организацијата за дистрибуција на храна Сите Сити, велат дека дел од храната која се презема од страна на компаниите се носи со возила на црвен крст а потоаа се подготвува и  дистрибуира на лицата од ранливите категории, појаснуваат дека главната дистрибуција се врши во Скопје.

Со ова иновативно решение за обебедување и подготвување на оброци за лица во социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално подобрување на дел од постоечките програми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна. Изјави – Блаже Јосифовски- претседател на Сите Сити

Изминатиот период „Сите сити –Ајде Македонија” пилотира модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. Исто така, волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови.

Агенцијата за храна и ветеринарство до 5 ти август треба да достави до Владата нацрт закон за донирање вишок на храна. Законот предвидува компаниите кои ќе донираат да имаат даночни олеснувања а се наменува за онаа храна која е ставена во промет и е непродадена, храна на која и се приближува рокот на употреба, неискористена храна од угостителски објекти, судски конфискувана храна која е безбедна за употреба.

Jована Грчева