Сите пожарникари во Струга ја тужат општината за неисплатине хранирини цели три години

Струшките пожарникари,сите до еден ја тужат Општина Струга бидејќи цели три години не им исплатила хранарина што им следува согласно законот за ноќна работа.И не само тоа, пожарникарите кои од 2018-та до јануари 2021-ва имаа многу интервенции,не ја добиле нити дополнителната разлика на платата која ја заработиле.Стравувајќи да не останат без работа,ние не сакаат да зборуваат пред камера, но кажуваат дека токму поради сево ова, секој од нив поднел соодветна тужба пред Основниот суд во Струга.

За ова се обидовме да го прашаме градоначалникот Рамиз Мерко кој од 2018-та тера луксизен живот и кој во период од 3 години за репрезентација потрошил  вкупно 139.296 евра.Тој денес се појави на настан во Охрид,но кога ги виде камерите, буквално избега.

Инаку Македонија нема нити доволно пожарникари, нити опрема,сликата е секаде иста.

Најстарото возило е од ’83-та година ФАП и моментално не е во возна состојба.Поправено е, но е доста ризично да се вози.Најновото е од 2008-ма.Бидејќи ја покриваме територијата на Дебрца, покриваме обемна територија,фалат уште 6 до 7 пожарникари вели Борко Јанкулоски –Командир на противпожарна единица Охрид.

Охридскиот градоначалник Пецаков, реален вели со помош на Дирекцијата за заштита и спасување се прават напори да ги оспособиме противпожарните служби во Охрид и Струга.Трба да ги доопремиме  со облека и со соодветна опрема за на терен како за шумски пожари така и за тренските активности.

Во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици кои што ќе можат истиот момент да реагираат кога е потребно.Фали возило за гаснење на пожари по тесните улици во стариот дел на градот?Да тоа е едно од работите кои што ќе ги набавиме во наредниот период рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Од Дирекцијата за заштита  спасување охридските и струшките пожарникари добија донација,Пецаков вели во текот на идната година ќе се обдеме да имаме барем приближно максимално опремени притивпожарни единици.

Росица Голабоска

Поврзани вести