Сите лаги на Пендаровски

„Душата ќе му ја извадат на тој што ќе потпише промена на името, ако не успее Референдумот тука запира процесот, влегувањето на Бугарите во Уставот е мешање во внатрешните работи, ниеден договор со Бугарија не смее да се крие“ -ова е само дел од репертоарот на јавно искажани изјави на претседателот Стево Пендаровски, кој самиот секојдневно си ги погазува. По се изгледа претседателот само ја продолжува таканаречената традиција на екс-премиерот Зоран Заев на „рече-одрече“.

До пред шест месеци тогашниот пендаровски тврдеше дека нема да прифати решение кое задира во националните интереси.

Не, нема шанси тоа да се случи. Не може да се протне такво решение. Прво јас ќе излезам на прес-конференција и ќе кажам „народе, јас ова не го прифаќам“. И не мислам дека било кој договор треба да се крие од македонската или бугарската јавност. На сила таа работа не оди, треба да им се каже на граѓаните – „за ова разговараме и со ова не се рушат националните позиции“, рече шефот на државата во „24 анализа“ – изјави претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа во јануари 2022 година.

И барањето да се внесат Бугарите во Уставот за него беше мешање во внатрешните работи.

Тоа е мешање во внатрешните работи – изјави во истата емисија Пендаровски.

Тоа беше тогашниот Пендаровски. Денешниот со две раце го прифати францускиот предлог кој според сите експерти задира во македонскиот идентитет и меѓудругото, предвивуда внесување на Бугарите во Уставот.

Станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите – изјави претседателот на 3 јули 2022 година.

Претседателскиот став не се менува само по налог на Бугарија, туку политиката на рече-одрече Пендаровски си ја практикуваше и во однос на Грција и промената на името.

Сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој кој евентуално би го потпишал тоа (промената на името – н.з). Нема да го остават така во фотељата во која е. Мислам дека шанси нема за такво нешто, ама ако има, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе – изјави Пендаровски во 2015 година.

За време на предизборната кампања во 2016 година, ја убедуваше цела македонска јавност на телевизиски интервјуа, дека тогаш опозициската СДСМ нема да дозволи ни П од Промени во Устав.

Опозицијата има и политички приоритети во првите шест месеци. Нема да најдете ни еден збор, ни првата буква Ф од федерализација, ни П од промени во Устав – изјави Пендаровски во 2016 година.

На менувањето на името, пак, му претходеше неуспешен Референдум –, а пред истиот да се случи, Пендаровски уверуваше дека ако нема излезност, процесот ќе запре.

– Што ако нема излезност на референдумот?

– Процесот запира тука – одговори Пендаровски во 2018 година.

Македонија знае што следеше по овие изјави. Пендаровски беше еден од најекспоираните подржувачи на договорот од преспа, промената на името и заговорник на референдумско ДА.

Дури и самиот Пендаровски велеше дека е непоправливо, да го заборавиш тоа што си го зборувал во кампања, она што тој го направи многу пати до сега.

АКО НИЕ ЕДНО ЗБОРУВАМЕ ВО КАМПАЊА ПОСЛЕ ЗАБОРАВАМЕ, ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ – рече Пендаровски во говор на предизборен митинг.

Адријана Алексиеска

Поврзани вести