Системот на МВР во трка со роковите од договорот од Преспа – хаос за издавање на “северни” документи
Системот на МВР за издавање документи во трка со роковите од преспанскиот договор. И покрај тоа што рокот за менување на сите документи од лична карта, пасош до возачка дозвола и налепница за таблица е фавруари следната година, системите на МВР за закажување и издавање на овие документи – крахираше. Таканаречените кол центри каде треба граѓаните да закажат термини, речиси вопшто не фунцкионираат.Граѓаните се жалат дека со денови не можат да добијат никого, а ако имаат среќа некој да крене од другата страна првиот слободен термин кој им се нуди е дури во ноември или декември.
“По 15 пати ѕвонам секој ден.Или те исклучува или се зафатени сите оператори.“
“Се убив од вртење со денови и сабајле и попладне и во тек на ден. Да ви сликам колку пати сум свртела? Ви ѕвони музика, велат: „Почекајте“ и после некое време ќе ви даде зафатено, и никој не се јавува” – коментираат на социјалните мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи за порталот Плусинфо велат дека граѓаните чекале „5 до 12“ за да ги променат личните документи, а според нив зголемениот обем на работа е тоа што веќе со години наназад во летниот период најмногу се издаваат лични документи.
– Министерството за внатрешни работи ве известува дека не постои застој во нормалното функционирање – ниту на економскиот оператор којшто за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, ниту пак во организациските единици при Одделот за граѓански работи коишто на дневна основа примаат повеќе стотици апликации од граѓани за различните видови лични документи. Факт е дека во овој летен период се зголемува обемот на барања за вадење лични документи – велат од МВР.
Некој граѓани пак, се откажуваат од трката по термин за нови документи по цена и да платат казни.
“Четири дена се обидувам, електронски та телефонски, па пак електронски, па пак телефонски…и така, цело работно време слушам „сите оператори се зафатени, ве молиме почекајте„ а електронски не прифаќа дата и на крај те упатува на ОНОЈ телефонски број. Конечно, не чекам веќе! Ке останам со сеуште важечките документите на Република Македонија…па казнувајте после.” вели една граѓанка.
Сите граѓани кои имаат стари документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат до февруари за да добијат со „Северна“.Личната карта поскапи за 120 денари и сега чини 310 денари. Слично поскапување има и кај возачките кои сега чинат 410 наместо 280 денари. Пасошите за лица до 27 години чинат исто, но постарите ќе треба да платат 500 денари плус, односно 2.000 денари. Покаспување има и кај итната постапка. Патна исправа по по итна постапка се вади за 6.100 денари, а возачка за 1.230 денари.