Сириски бунтовници повлекуваат тешко оружје од планираната бафер зона во Идлиб

Две сириски групи го повлекоа тешкото оружје од планираната демилитаризирана зона за која во северонозпадната провинција Идлиб се договорија Турција и Русија. Тоа го соопшти бунтовнички командант, јави ДПА.

– Слободната армија на Идлиб и Фајлах ал Шам, го повлекоа тешкото оружје и воени транспортери од зоната Абу ал Духр во источниот дел од Идлиб, што граничи со демилитаризираната зона, нагласи командант на Националниот фронт за ослободување.

Русија и Турција се договорија за демилитаризирана зона во Идлиб што ќе ги оддели владините сили од бунтовниците. Таа треба да биде формирана до 15 октомври, да е со ширина од окоу 20 км и во неа да патролираат руски и турски војници.

Во Идлиб живеат околу три милиони цивили. Најголем дел од провинцијата е под контрола на Хајат тахрир ал Шам, исламистички сојуз поврзан со Ал Каеда.