Синот на Цар Борис дал зелено светло: Поранешниот бугарски премиер дал дозвола за клубот во Охрид

Симеон Саксобурготски, синот на Цар Борис трети и поранешен премиер на Бугарија дал зелено светло за отворање културниот клуб во Охрид со името на неговиот. Тој со писмо до првиот човек на овој бугарски клуб, Гоце Блажески, изразувајќи задоволство дал дозвола името клубот да се именува така.

-Со интерес дознав дека вие и вашите истомисленици сакате да основате културно-просветно друштво во Охрид. Ви благодариме за иницијативата ова друштво да го носи името на мојот татко цар Борис III. Вашиот предлог ме трогна и секако дека ја имате мојата согласност и мојата поддршка. Мило ми е што знам дека младите како вас имаат време и желба да се зафатат и со оваа задача, така што ќе се зачува во историската меморија. Ви посакувам успех во вашиот напор и се надевам дека ќе се видиме еден ден, се вели во писмото од Симеон Саксобурготски.

 Ова доаѓа ден откако од Министерството за правда соопшти дека не дале позитивно мислење за отворање на ваков клуб, со оглед на тоа што до нив воопшто не дошло барање за такво нешто.

-До Министерството за правда не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”, велат од Министерство за правда.

Она што е плус проблематично што во Македонија нема регистар за историски личности по кои би било да забрането да се именуваат вакви здруженија. Од Централниот Регистар вели не можат да забранат регистрација на вакви клубови, бидејќи ќе го прекшреле Уставот.

-Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност. Имено, Централниот регистар не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања како темелна вредност определено во член 20 и член 48 од Уставот на РСМ, кажаа од Централен Регистар.

Културниот клуб Цар Борис трети не е единствениот проблематичен, веќе знаеме и за клубот во Битола Ванчо Михајлов, уште еден докажан соработник на фашистичкиот режим. А најава има и дека ќе се отвори во Богданци, а ќе биде именувам по Царот Фердинанд, владеел од 1887-ма до 1918-та, во времето нас балканските војни, кога Македонија била поделена меѓу соседите. Главната цел на неговата политика била возобновување на Санстефанска Бугарија, поради што тој го склучил сојузот со Србија и Грција, кој резутира со балканските војни.

Матеја Петровски