НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синот на Ахмети со двајца братучеди сака да гради фотоволтаична централа

Опозицијата открива нов скандал за синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али, Дрин и Бесијан, за кој велат дека влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW во Кичевско.

Од ВМРО-ДПМНЕ откриваат дека синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 сопственост, а според информациите на опозицијата, семејството од Зајас побарале огромна сума на пари од банка под сомнителни околности.

  • „За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство. Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа.“ – Изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата се сомневаат дека семејството Ахмети ја излажало банката и оти нема оддобрение од институциите за изградба на фотоволтаична централа.

Во меѓувреме се огласи фондот за иновации за кого јавноста вчера слушна дека на внукот на Ахмети, Дрин Ахмети му доделил 82 илјади евра за два проекта. Од Фондот на чие чело е кадар на ДУИ, кој важи за близок до семејството Ахмети, денеска експресно реагираа преку писмен допис во кој си ги правдаат постапките за народните пари што им ги доделиле на семејството Ахмети. Велат, дека тие барале уште повеќе, ама фондот им дал ни помалку ни повеќе, туку само 82 илјади евра.

  • „Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции.“ – Напиша ФИТР на Фејсбук.

Од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, порачаа оти во периодот кој следи ќе изнесат и дрруги сознанија и скандли за семејниот клан од Зајас и побараа премиерот Ковачевски да појасни што ветувал за децата и внуците на Али Ахмети и да обелодени за јавноста што договараат и како ги делат бизнисите.

Никола Цветкоски