Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, но тој се повлече од процесот
Професор Лазар Јовески кој беше назначен за помирувач во случајот УЈП побарал да биде изземен од процесот, затоа што не е во Македонија и не можел да го запази законскиот рок од три дена , за да го повика синдикатот. Во меѓувреме од УЈП чекаат да ги повика медијаторот , и се децидни, доколку не се најде решение ќе стапат во генерален штрајк,. Од синдикатот објаснуваат , дека тие имаат поинаков колективен договор од останатите административци и целосен законски основ да имаат повисоки плати , кој не ги добиваат.
Сега е тој на потег, треба да не контактира , на која ќе направи средба . Во зависност од она што тој ќе утврди, ако се најде решение законско и во основа на колективен договор ќе биде во ред , ако не одлуката за штрајк е донесена и си стои како таква и откако ќе поминат сите процедури согласно закон , вели Васе Неданоски претседател на синдикат на УЈП
Вицепремиерот за економски прашања е оптимист дека ќе најдат решение и не очекувал дека ќе има генерален штрајк . Според него решението за целата администрација која бара покачување на платите лежи во системското решение за кое ќе се дискутира во четврток на економско социјалниот совет . Наместо одговор пак кога фунцкионерите ќе си ги намалат платите, Битиќи рече и за нив ќе важело тоа системско решение.
Јас сум оптимист дека решение ќе се најде и дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи затоа што сметам дека тоа што вработените во Управата за јавни приходи, како и сите други вработени во јавниот сектор е достоинственост на работните места каде работат и платите кои ги добиваат. Ние сме подготвени да разговараме, изјави Битиќи.
Вработените во УЈП го кренаа гласот откако вработените во Министерството за финансии добија 30 отсто покачување и го бараат истото и за нив. Вицепремиерот повторно за ова посочи да имало автентично толкување во Собрание.
Кристина Алексиеска