Синдикатот и власта не се договорија-утре ќе има генерален штрајк во јавниот сектор

Државата во хаос. Адмиинстрацијата нема да функционира. Над 100 илјади луѓе од утре почнуваат генерален штрајк – вработените во управата, правосудството , здравството, МВР, комуналните претпријатија и останатите јавни институции.

Пропадна и последниот обид Владата да ги убеди синдикатите да отсапат од најавениот генерален штрајк во јавниот сектор со тоа што ја иницираа  првата средба од процесот на помирување. На средбата, не беше кажано ништо ново освен дека треба да се работи на методологија за изнаоѓање решение.

Разочаран сум од денешните помирувања. Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ

Од Владата повторно со истиот изговор- било потребно системско , а не ад хок решение. Повикуваат синдикатите да се откажат од штрајкот додека траел процесот на помирување за да ја сработеле методологијата.

Сметаме дека додека трае фазата на помирување штрајкот не би требало да се одржи, но тоа е демократско право на секоја страна да одлучи дали ќе прифати да има помирување и дали би требало да се одложи штрајкот. Ние ќе го испочитуваме демократското право и демократската одлука на ССМ ако тие продолжат со нивната намера за организирање генерален штрајк, рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања

Во текот на утрешниот ден додека работтниците ќе штрајкуваат на нивните работни места, ќе излегуваат по еден час од работните простории, а  утре претседателството на ССМ пред Собранието ќе постави 120 столчиња за изразување на нивниот револт. Протестот ќе продолжи во четврток пред Влада, а во петок ССМ своите барањеа ќе ги каже пред Министерството за финансии.

За време траење на штрајкот  итните  и работите кои се неопходни за да не се загрози здравјето, животот и личната сигурност на граѓаните ќе ги одржуваат 10 проценти од вработените.

ССМ и Владата веќе имаа договорено линеарно покачување на платите од 2806 денари, си имаа пружено и рака, но власта потоа се премисли и не предвиде пари со ребалансот на буџетот. Вчера беше отфрлен и амандманот предложен од опозицијата на барање на синдикатите со кој требаше да се предвидат пари за поголеми плати. ВМРО-ДПМНЕ најави дека повторно ќе поднесе нов амандман.

Кристина Алексиеска