Синдикатите бесни: Владата реши да скрати кадешто е најтенко

Владата решила да скине кадешто е најтенко. Синдикатите бесни откако Владата излезе со план со препораки 30% од администрацијата да работи од дома, но за пониска плата, Особен револт предизвика намерата да се преговара за нови колективни договори со полоши услови или пак, со законски измени да се ревидираат платите на службениците надолу. Синдикатите реагираат дека во услови на поскапувања, наместо да се седне на маса за поголеми, на крај ќе добијат и попниски плати.

Препораките за штедење вклучуваат 20% заштеди со тоа што на вработените во безбедносните структури како МВР, АНБ и Агенцијата за разузнавање да не им се плаќа за прекувремена работа, туку да добиваат слободни денови. Од Синдикатот на полицијата велат дека основната плата на полицајците е пониска од минималната, па ако овие совети станат реалност тие значително ќе осиромашат. Манипулации со пишување на прекувремени часови правеле раководителите, а не оние кои навистина работеле 12, па дури и до 24 часа непрекинато.

Гневни се и вработените во културата. Од синдикатот велат дека овој предлог е убиство за синдикатите во земјава. Велат дека ќе застанат цврсто против секој обид за кратење на платите во овој сектор. Би седнале на преговарачка маса за нов колективен догвор, но тоа никако не смее да значи пониски примања. Ако Владата ги замрзне колективните договори и се обиде со законски измени да ги скрати платите, ќе наиде на револт на работниците.

Додека синдикатите негодуваат, Вицепремиерот Битиќи со став дека од негде морало да се скрати. Мерките не биле насочени конкретно против никого, но во период на криза тврди не било време за калкулации.

Владата сака да ги ревидира платите на службениците надолу, но се уште не ја презентираше најавената нова методологија за пресметка на плати. Ако голем дел од службениците останат да работат од дома, синдикатите негодуваат дека граѓаните и фирмите потешко и побавно ќе ги добиваат потребните услуги, дозволи, лиценци и сл.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста