НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синдикатите бараат повисоки плати веднаш за да може да се издржи ценовниот шок

Потезите на власта со одмрзнатите цени и поскапото ДДВ за струјата ги крева на нозе синдикатите. Владините уверувања дека ценновен шок нема да има, според нив не држат, оти на пазарите веќе се чувствувале промените. Бараат повисоки плати за да може да се издржи ударот. 

Власта ги одмрзна цените и го остави пазарот во рацете на производителите кои сами диктираат што, како и за колку ќе се продава. Уште првиот ден дел од основните продукти делумно поскапеа, што само ги потврдуива предупредувањата на експертите дека инфлацијата нема да се намали. Синдикатите веќе реагираат дека политиките на власта се погрешни и предупредуваат дека новиот ценовен удар ќе го дотолчи и онака осиромашениот работник. Во вакви услови единствениот лек според нив е да има зголемување на платите веднаш.

  • Одмрзнатите цени можно е дополнително да ја подгреат инфлацијата зашто платите не се доволни за да се преживее месецот. Иако надлежните смируваат дека немало да дојде до нов ценовен шок, сепак, Владата е таа која е несериозна и мора поактивно да работи на пораст на платите зашто работниот едвај крпи крај со крај. Повисоки плати да има сега и веднаш, а не за неколку години, за подостоинствен живот на граѓаните, зашто инфлацијата им ги јаде и онака малите плати на работниците, вели за Алфа, потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски.

Дека власта прави брзи и непромислени потези предупредија и дел од економистите. Бранимир Јовановиќ од Виенскиот економски институт за Алфа рече дека одмрнувањето на цените на артиклите може да предизивка дополнителен инфлаторен шок.

  • Одмрзнувањето на цените несомнено ќе ја рзгори инфлацијата, околу тоа не треба да има никаква дилема, а дека фирмите ја злоупотребуваа позицијата, Македонија имаше највсока инфлација во регионот, вели за Алфа економистот Бранимир Јовановиќ.

Јовановиќ додава дека цените ќе почнат да паѓаат само кога побарувачката ќе падне, а до тоа тешко дека ќе дојде.

Предупредувањата за нов инфлаторен шок доаѓа откако во ист ден се одмрзнаа цените на основните прехранбени производи и почна да важи нова цена на струјата со повисок ддв. Владата тврди дека поголеми потреси немало да има, а доколку се случеле имале план за да интервенираат. Од она што се гледа во маркетите и на пазарите тоа ќе треба многу бргу и да се случи оти цените на лебот, шеќерот, маслото, брашното, тестенините, оризот, млекото и млечните прозиводи почнаа да се продаваат по повисоки цени.

Борис Грујоски