Симфонискиот оркестар на Бријанск на „Охридско лето“

Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на Бријанск во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Симфонискиот оркестар на Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, кој е уметнички директор и диригент на ансамблот.

Од првите денови на постоењето овој оркестар започнал интензивна концертна активност исполнувајќи популарни, но и сложени дела од музичката литература. Настапувал на значајни фестивалски празнувања во Бријанск и во Москва, официјален оркестар на меѓународниот натпревар за пијанисти „Т. П. Николаева“, гостувал во Франција на фестивалот во Савој, во Полска…

Оркестарот настапува со значајни диригенти и солисти меѓу кои пијанистите: Николај Петров, Николај Гиндин, Валентина Игошина, Иван Рудин, Андреј Гугнин, Арсениј Тарасевич-Николаев, виолинистите: Данил Коган, Надежда Токарева, Гајк Казазјан, како и со диригентите: Џонатан Брет (В. Британија), Карло Голдстаин (Италија), Константин Бараков и други.