Силјановска: Моето прво обраќање во Собрание ќе биде на тема екологија

Моето прво обраќање во Собранието на Македонија ќе биде на тема екологија, порача Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалцијата.

Воопшто не ми е интересира што ќе прават партиите, бидејќи тие ги водат министерствата. Јас кажувам, го напишав тоа и во мојата програма, дека покрај школата за млади лидери, ние треба да формираме секаде школи за еколошка свест и еколошка заштита. Првото обраќање во Парламентот нема да ми биде пред Нова година, за да им честитам на граѓаните, туку ќе биде посветено за правото на живот, заканата и еколошката катастофа по Македонија, изјави Силјановска Давкова.