Силјановска и Пендаровски во втор круг – претседателот ќе се избира на 5-ти мај

На 5-ти мај Македонија ќе го добие новиот шеф на државата. Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски со најмногу освоени гласови во првиот круг влегуваат во тесна трка за освојување на претседателската фотеља во вилата Водно.. Според последните информации од ДИК, за Стево Пендаровски гласале 42,85% од граѓаните, а за Гордана Сиљановска Давкова 42,24% од запишаните избирачи. Со блага предност од 4000 гласа но и ниска излезност од само 41,82% и двајцата ќе имаат тешка задача на своето конто да придобијат што повеќе гласови потребни за победа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ задоволна од добиените резултати повикаа на обединетост во вториот круг за успешна европска приказна, за како што велат делегитимирање на актуелната власт.

По добивањето на резултатите од штабот на власта порачаа дека Концептот за едно општество за сите ќе ги направи позитивните промени.

За Блерим Река кој на своето конто ги обезбеди гласовите на речиси 80 илјади гласачи ова биле фер и демократски избори, а причината за малата излезност ја препозна во неажурирањето на избирачкиот список.

За некој од двајцата кандидати да ја добие функцијата претседател на државата неопходно ќе биде на гласање да излезат најмалку 40 отсто од вкупно 1.808.131 избирач кои се запишани во избирачкиот список, односно 723.253 гласачи. Доколку се исполни цензусот ќе победи тој што ќе добие повеќе гласови. Во спротивно ќе треба да се распишат нови претседателски избори, а дотогаш вршител на должноста претседател на државата ќе ја врши собранискиот спикер Талат Џафери.

Ивана Соколовиќ Најдова