Силјановска Давкова: Во посета низ општините се чувствувам како студент

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова утринава имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј при што говореше за себе и за нејзините активности.

Силјановска Давкова појасни дека таа е познат приврзаник на Сократовиот метод значи таа не само што ги прашува студентите туку и одговара на нивните прашања, можеби затоа неколку пати добила 5-ки на еваулација и била избрана за најинспиративен професор.

-Значи никако не го подразбирам јас професорско студентскиот дијалог како едностран туку напротив од Аристотел до денеска велам дека тоа е терипатетичка школа од Платоновата Академија, нагласи таа.

Силјановска Давкова дури и посочи дека според нејзе дебатата и е нешто природно, а интервјуто исто го сфаќа како природно. Дури деновиве кога оди по општините вели дека се чувствува како студент.