});

Силјановска: Во Манифестот нема иредентизам

Повикот за обединување на Македонците во соседните држави кој ја чини основата на Манифестот на АСНОМ е најголемата болка на Грците, па актуелната власт преку бришење токму на конститутивниот документ ќе го решава деценискиот спор е ставот на познавачите…Одлуките на Президиумот напишани пред 74 години во Манифестот кои ги ставиле и темелите на македонската државност денеска немаат важност за актуелната власт, па како конститутивен документ предлагаат да остане само Прогласот.

Во Манифестот на АСНОМ нема иредентизам категорични се експертите по уставно право кои повторно алармираат. Историјата на Македонија не памети досега некој да се повикува на бришење на преамбулата за да биде остварено некакво право вели професорката Гордана Силјановска за Алфа.

Останува ли „наводниот“ иредентизмот во Уставот единствениот трн во око за Грција…или дополнително проблем за бришење на АСНОМ е потписот на двајца членови на президиумот по потекло од Егејска Македонија – Димитар Влахов и Благоја Фотев.

Но Грците и пред 25 години барале бришење на АСНОМ од македонскиот Устав, но тогаш барањето било одбиено, што не е случај со оваа власт.

– Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителната борба! Мобилизирајте ги сите свои другари за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно учестие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите провозгласени од првото македонско Народно Собрание, вели еден дел од Манифестот на првото заседание на АСНОМ.

Токму народното Собрание преку Манифестот го покажува континуитетот на вековната македонската борба за создавање на самостојна и национална држава на македонскиот народ.

Пред речиси една година и грчки аналитичари познавачи на состојбата во изјава за Алфа отворено говореа дека проблемот на деценискиот проблем помеѓу двете држави не е името на Македонија. Проблемот на Грците е македонскиот народ, македонскиот јазик и македонското малцинство во Грција, онака како што стои и во самиот Манифест дека Македонците во соседните држави мора да се обединат.

Ако докрај се изоди патот до менување на македонскиот Устав каде носечки столб е токму Манифестот од заседанието на АСНОМ оддржано на 2 август 1944-та кој ќе биде избришан, ниту историските учебници веќе нема да сведочат за тешкиот македонски пат до слободата…

Ивана Соколовиќ Најдова