НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силно невреме во Србија, на места паѓа град со големина на јајце

Србија по тропските температури ја зафати страшно невреме. Во Војводина паѓа град со големина на тениски топчиња и дува силен ветер.Метеоролозите претходно издадоа итно предупредување за невреме кое се приближува.Град со големина на тениско топче паѓаше во Спрски Милетиќ, а во Врбас дуваше бурен ветер. Во овој град имаше и силен град кој ги побеле површините.Не беа поштедени ниту Кула, ниту Темерин, каде татнеше невремето придружено со силен ветер и град.Страшно невреме пропратено со град го погоди Апатин во текот на попладневните часови, по екстремно топлото време.Имено, на ова место падна град со големина на јајце