});

Силна експлозија го разнесе автомобилот на висок функционер на ВМРО ДПМНЕ во Охрид

Силна експлозија го дигна во воздух автомобилот на Мишел Наумоски-висок партиски фунционер на ВМРО ДПМНЕ. За среќа нема повредени во инцидентот кој се случил синоќа околу 1.15 мин во строгиот центар на градот, но силно е вознемирено семејството на Наумоски кој е член на Општинскиот комите на ВМРО ДПМНЕ.Тој беше сериозен кандидат за претседател на охридскиот огранок, а неговото име се врзуваше и за директорската фотеља на КПУ „Затвор” Охрид.

-Силната детонација ги распамети соседите, исплашени скокнаа од сон и се симнаа пред зградата – раскажува Наумоски кој се прибрал дома само 10-тина минути пред да го запалат автомобилот.

Згрозен сум од ова што се случи, кај моето семејство веќе има чувство на несигурност, бидејќи ова не е прв инцидент – вели Наумоски. Во континуитет последниве неколку години се врши притисок и заплашување на моето семејство, но овој пат сторитеелите отидоа предалеку – додава тој.

-Во континуитет сме добивале не можеби јас лично меѓутоа и моето семејство и како дел од моето семејство разни пораки по фејсбук профили разни дејствија предизвикани од органи на државната управава, односно министерство за внатрешни работи, односно полициската станица во Охрид, изразена преку висок старешина таму кој упатувал индирекни закани преку непосредни лица – вели Наумовски.

Наумоски кој се сомнева дека бил следен, потенцира дека до сега нити еден инцидент не бил расчистен, нити биле откриени сторителите на другите дела. Поради тоа имал и состанок со началникот на СВР Охрид од каде заминал со ветување дека ќе откријат кој го запашува семејството Наумоски и кој е мотивот и за овој инцидент.

-Ќе покаже истрагата за што се работи меѓутоа во возачкиот дел на седиштето на возачот има поголема дупка, отвор, што е скоро невозможно да се направи од оган, од висока температура, бидејќи тоа е најјакиот дел на основата на возилото. Истрагата ќе покаже со што е направено тоа дали е користенадруга форма на запалива течност или е експлозив – вели тој.

Безбедносните камери и очевидците забележале две лица околу автомилот на Наумоски во моментот кога тој експлодирал, а малку недостасувало пожарот да ги зафати и останатите 30-тина возила паркирани едно до едно пред зградата во која живее.

Росица Голабоска