Силен земјотрес во централна Турција
Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала што утрово ја потресе јужната турска провинција Адана, јави државната телевизија „ТРТ-Хабер“.
Претставникот на локалната власт во градот Џејхан, округот Адана, рече дека неколку луѓе се повредени откако скокнале од тераси или прозорци како резултат на паниката предизвикана од земјотресот. Има и материјална штета, има пукнатини на некои објекти.
Земјотресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар, го погодил регионот на градот Адана во 8 часот и 44 минути по локално време. Потресот бил на длабочина од 10 километри.
ОДЈАВА Тоа е се во овие вести. Многу повеќе во 14 и 30.