Силен ветер остави пустош зад себе во Лозово и околината

Откорнати дрва, настрешници, срушени објекти –ваков хаос позади себе остави силниот ветер во неколку села во Лозово. Ветрот кој дувал само петнаесетина минут наликувал на торнадо, раскажуваат мештаните кои во тој момент се нашле на отворено. Најсериоззно беше на локалниот пат Лозово-с.Милино. Бетонски стопи летале од едниот на другиот крај на патот . Стојан Давитков утринава во полето собираше делови од возилото во кое биле неговите најблиски. .

  „Внукот што ја вози колата, снаата и ќерката беа внатре во колата. Катастрофа невидена. Гледам дрвото паѓа врз нив и не можам да им помогнам.Но фала му на Бога што не спаси„-изјави Стојан Давитков на Лозово. .

  „Јас бев со колата..и за малку, пред мене се руши објект. Пробав да избегам назад за да не не затрупа, а човекот што беше со мене ми вели внимавај и друг објект се руши позади нас. Со колата останавме заглавени меѓу двата објекта „-вели Игно Миланов.

Жива глава едвај спаси и семејството Ивановски од село Сарамзалино. Дел од дрво  падна врз ковот на нивната куќата. Во целата несреќа и среќа што дрвото не паднало врз креветчето во кое спиело бебето..

  „Сега ни е неопходна помош за да се направи кровот . Може да дојде до полошо, да заврне и целата вода да ни влезе внатре . се ни е ново, се лани правевме, реновиравме„-Изјави Иванка Ивановска од с.Сарамзалино.

Со целата расположлив механизација до доцна во ноќта, на терен  екипите на јавното комунално претпријатие, противпожарната служба на Свети Николе и градончалникот го расчистуваа хаосот што го остави невремето.

  „И ние учествувавме во расчистување на градежниот шут. Ќе бидат повикани советниците и дел од општинската администрација, да излеземе на терен и да констатираме за колкави штети станува збор. Овде реално мора да се помогне„-изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Силното невреме предизвика само матрејални штети. Земјоделските посеви останаа недопрени, а три села поради заплеткани жици останаа без струја. . 

Александра Ристевска