Се штимаат последните пресметки за новата цена на струјата

Поевтина струја од ЕСМ, посолено ДДВ и неизвесна дневна тарифа – се прават последните калкулации за новата цена од 1- ви јули. Државните електрани ќе ја продаваат произведената струја за 3 евра поевтино од досега . На тендерот од ЕВН за набавка на електрична енергија кој заврши денеска, се јавиле само ЕСМ со понуда од 53 евра за мегават час .
„Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас“, информираа од ЕВН Хоум.
Иако од понудата на ЕСМ најмногу зависи каква ќе биде новата цена на струјата, сеуште е рано да се прогнозира, со оглед на зголемените трошоци кои ги пријавија енергетските компании до Регулаторна .
Од Електродистрибуција побараа зголемување за над 30 осто, МЕПСО за 53 , а преносниот систем МЕМО за над 80 отсто. Покрај цената од ЕСМ и трошоци од енергетските компании , во новите сметки за струја се враќа посоленото ДДВ од 18 %. Дополнително, иако на голема врата се најавуваше враќање на дневната евтина струја, сега е неизвесно кога тоа ќе се случи. Регулаторна ќе ги собира и одзема сите овие податоци до идната недела кога треба да ја соопшти новата цена на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат до 1-ви јануари . Бислимоски смета дека поскапување нема да има
Тие податоци што ги имаме до денеска, цената на електричната енергија не треба да поскапи , изјави Бислимоски за пари.мк
Премиерот пак прилично посигурен. Тој е уверен дека струјата нема да поскапи . Што се однесува до евтината струја, Влада топката ја фрли кај Регулаторна – тие ќе кажеле кога ќе бидат подготвени броилата.
Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие кои беа експерти за корона, а потоа станаа експерти за енергетика, сега се експерти за уставни измени, вели Ковачевски.
Во моментов цената на струјата се одредува по блок тарифи . Најскапи се третиот и четвртиот блок каде при последното определување на цената имаше поскапување . Евтината ноќна тарифа е 4 денари за киловат час.
Кристина Алексиеска