Се уште нема договор за набавка на гас за топланите

На само 5 дена до ноември до кога власта набави гас за потребите на скопските топлани, нема склучено нов договор за наредниот месец. Од ЕСМ упорно уверуваат дека Скопјани ќе имаат парно. Ако не се склучел договор за гас, топланите биле подготвени да работат на дизел, па греење секако ќе имало во главниот град. Засега комплетна понуда има само Макпетрол, се чека на другите заинтересирани да ги докомплетираат понудите. Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов пак, вели дека навреме ќе се склучел договор за купување гас, иако времето е се пократко.

Во врска со неколкуте илјади компании кои се вратија на регулиран пазар и го оптоваруваат домашното производство, Андонов потенцира дека дел од нив ќе се снабдуваат од ЕСМ Продажба, како не би се создал притисок врз цената на струјата за домаќинствата.

Моментално РЕК Осломеј не работи. Термоелектраната била во 48-часовен прекин поради пукната цевка. Од ЕСМ уверуваат дека производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар се одвивало непречено преку другите државни електрани, пред се преку двата блока на РЕК Битола. По санирање на дефектот, се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на електроенергетската мрежа од сабота.

Тања Попова

Advertisements

Поврзани вести