Се утврдуваат штетите по вчерашната бура во Неготино

Куќи без покрив,поплавени возила, откорнати дрва, паднати  бандери ваков пустош остави позади себе невремето кое вчера попладне го зафати Неготино. Цела ноќ градските екипи го расчистуваа хаосот. Утринава градот полека се враќа во нормала. Со механизација се чистат големите наноси од кал што ги донесе невремето, а противпожарни екипи и граѓани ја испумпуваат  водата од полавените домови. Најпогодено е село Тимјаник, каде од вчера жителите се без струја.

До касните ноќни часови екипи на ППЕ-Неготино и ЈП„Комуналец„ ги санираа штетите. Сега, утрово се е во најдобар ред освен што во Тимјаник се уште нема струја. Екипи на ЕВН работат  на терен„-изјави Горан Стојанов,градоначалник на Неготино.

Веќе е формирана општинска комисија за проценка на штети, која по прибирање на документацијата ќе излезе на терен за да направи увид на лице место. Засега нема пријавено штети на земјоделски површини.

За штети на земјоделските посеви граѓаните се уште немат пријавено. Од утринава е формирана комисија за штети која ќе прибира документација од граѓани кои ќе пријават штети на имот, како откорнати кровови и конструкции„-изјави неготинскиот градоначалник.

Видеа со апококалиптични сцени од сношти неготинчани споделуваат на социјалните мрежи. Од снимката на кавадарчанецот Мемет Дивјачев се гледа како во Неготино беснее торнадо, кое е несекојдневен  феномен за нашето поднобје. Во целата несреќа и среќа што невремето траело само 20минути. Според надлежните, доколку торнадото беснеело  уште десетина минути, тоа би  било вистинска катастрофа за градот. 

Александра Ристевска