Се урна првиот норвешки електричен авион

Електричниот авион со акумулатор-батерија – „Алфа електро Г2“, произведен во Норвешка, се урна во езеро, а пилотот и патникот кои биле во него не се повредени.

Сопственикот на авионот, државната авиокомпанија „Авинор“ лани соопшти дека има изгледи околу тоа – трговски патнички летови со електрични авиони, да почнат да сообраќаат до 2025 година. Авионот кој се урна беше пилотиран од извршниот директор на „Авинор“, Даг Фолк-Петерсен, кој беше поканил и високи функционери на пробниот лет.

Негов сопатник при уривањето бил Асе Марте Хоригмо, помошник министер во норвешката Влада.