Се урива дивоградбата пред „Мавровка“, инвеститорот вели се е легално, најувува тужби

Полиција, оружје, багери, публика – почна уривањето на дивоградбата пред Мавровка. После повеќе од 2 месеци криенка се појави инвеститорот Мевљудин Алити, кој сам кажа дека е и сопственик на дивоизградениот објект- иако изгледа дека за само за општина Чаир и МВР додека го водеше Нухиу беше мистериозен. 

Алити не настапи спонтано. Пред новинарите застана со подготвен говор. Се му било легално тврди и натаму. Чаирскиот градоначалник и полицијата тврди дека го знаеле дека е тој и никогаш не бегал. Пред новинарите листаше документи дека сите давачки за објектот што сега е мета на багерите ги платил и легално го правел.

  • Значи се знаеја. Градоначалникот изјави дека се е во ред. Алфа телевизија го имаше тоа објавено, го кажаа уште првиот ден кога дојдоа. Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата. можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа јас бев тука и ги дадов документите за објектот од финансиски криминал. Само за комуналии и такси на Градот сум платил над 4.7 милиони денари за легализацијата. Објавив вчера во 11 часот и 30 минути на медиумите да дојдат пред мојот објект, овие од 10 часот почнаа да го уриваат. Нека урива државата како што научена, секогаш. Да ми ги остави вработените без леб, фамилијата без леб. Тоа е тоа. Кој има право ќе добие. Ако треба и до Стразбур ќе одам, да знаете.. вели Мевљдин Алити – сопственик и инвеститор на просторот пред ТЦ Мавровка.

Шилегов прв го демантираше. Иако скопскиот градоначалник се иззема од одговорност уште кога новинарите почнаа да ја откриваат  бетонската нелегална тврдина кај Мавровка, сега побрза да каже дека Алити не ги платил комуналиите.  

Алити беше непознат за МВР додека го водеше Агим Нухиу. Општината во тој период го бараше сопственикот преку весници за да ја урне дивоградбата. Не можеа да го најдат. Потоа пропаднаа уште два општински тендери за да се најде јунак фирма што ќе го срамни со земја. 

Уривањето го прави стара Македонија пат а за тоа треба да си наплати од општина Чаир.

Во меѓувреме, како што се урива објектот кај Мавровка така требаше да се решат неколку клучни нелегални објекти за кои медиумите со месеци пишуваат, како тие на Матка, во Охрид и други локации. Тие молчешкум никнаа и функционираат.