Се разговарало или не за Гоце Делчев? – Две спротивставени изјави ја прават сомничава македонската јавност

Се разговарало или не за Гоце Делчев ? За нецели 24 часа различни ставови за тоа што се случувало во МНР во изминатите два дена. Прво соопштија дека се разговарало за Гоце Делчев, а потоа дека немало време за да се зборува за заедничкото чествување на револуционерот.

Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми.

По ваквото соопштение о дел од бугарскиот тим кратко за медиумите кажаа дека средбата поминала во пријателски тон и дека не се разговарало за Гоце Делчев туку за Охридската архиепископија, што ја отвори дилемата,: Што беше на маса овие два дена во МНР и зошто првото соопштение беше дека се разговарало за Гоце Делчев ?

Македонската страна ваквото соопштение го правда со тоа што Гоце Делчев бил на дневен ред, но воопшто не дошло до тоа. 

На последната средба не се разговараше за чествувањето на Гоце Делчев. Тоа беше точка  на дневниот ред но, не се отвори , одговори на прашање од Алфа Драги Георгиев, претседател на македонскиот тим.

И првиот човек на институцијата од каде дојде официјалното соопштение по завршување на сребата сега вели дека не се разговарало за Гоце Делчев затоа што немало време ама дека била на дневен ред

И јас не сум повеќе информиран за работата на Комисијата, отколку вие, бидејќи Комисијата си е автономна во својата работа и во нивните разговори, во содржината на темите. Тоа што знам е дека воопшто не стигнале да работат за Гоце Делчев, рече Министерот за надворешни работи Бујар Османи

Покрај контрадикторните изјави и соопштенија од оваа средба не дознавме ништо друго. Средбата поминала во пријателски дух како што рекоа од бугарска страна, ама нема договор за ништо,а  разговорите ќе продолжат во октомври.

Кристина Алексиеска

Advertisements