Се проверува дали и во Македонија е увезен српскиот чипс со високо ниво на опасниот Акриламид

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на канцероегната и опасна суспстнца Акриламид, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
Според него, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен. Во меѓувреме, активно се следи и кога системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.
- Во расфф системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.
На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на Акриламид. Ова го објави и европската комисија на својата официјална веб-страница.