Се потел и црвенеел – Вице Заев го тужи Александар Николоски за клевета

Вице Заев, братот на премиерот се потел, црвенеел, а бил вознемирен и имал главоболка оти потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во телефонска изјава на една телевизија, кажал дека: „прозападни и про НАТО и ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството на братот на премиерот кој станува главен бизнис фактор во државата“. Николоски и Заев денеска требаше да се соочат на суд, но братот на премиерот не дојде иако тој го тужи потпретседателот на опозицијата за нарушен углед.
Вице Заев ме тужи за нарушен чест и углед. Значи Вице Заев, ме тужи за нарушен чест и углед. Денес не се појави на подготвителното рочиште испрати адвокат, јас решив да се бранам сам затоа што сметам дека немам потреба од адвокати и од правна помоши. тужбата е класичен „нон-сенс“ и е исклучително политички притисок – изјави Николоски
Во тужбата Вице Заев за нарушениот чест и углед, бара од Николоски отштета од 30.000 денари. Според потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, целта на Заев преку оваа тужба не е само да направи политички притисок туку и да испрати порака до стопанствениците во државата.
-Пораката на главниот бизнис фактор во државата, сега веќе е станат тоа, тогаш не беше – е до сите бизнисмени да размислат што може да им се случи на нив ако може главниот бизнис фактор во државата да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вториот човек на опозицијатa, што може да им се случи нив – рече Николоски.
Николски рече дека верува во правниот систем во државата и верува дека судот ќе ја одбие тужбата на Вице Заев. Тој додаде дека поентата на неговите докази што ќе ги приложи пред судот се дека, изјавата што ја дал на 24 октомври лани, е во својство на потпретседател на опозициска партија која има право да ја критикува работата на владата и има право да дава свое мислење за начинот на работење на власта.

Катерина Гетева