Се остваруваат тврдењата на тутунарите дека годинашниот род ќе тежи многу помалку од очекувањата на државата

    Неколкугодишните закани на македонските тутунопроизводители дека тутунот полека ќе го снемува од нашите ниви, изгледа се остваруваат. Причините се познати. Последователно лошите откупни цени, двоцифрената инфлација која им ја „јаде“ заработувачката, драстично поскапените репро-материјали, големи земјоделски површини оставија да се . Тутунарите велат дека крајот на годинашниов откуп е многу блиску, иако започна само пред еден месец, бидејќи тутун – нема.

   „Со оваа динамика, откупот на тутунот, 99 посто ќе заврши до петок“, „Се шушка дека откупувачите молат и по куќи, дури и за цена од 350 денари по килограм“, „Можеби в година ќе биде и 500 ден., зашто нема повеќе кој да работи тутун“, „Јас повеќе не работам, така што колку сака нека биде“, „За следната реколта, тие што садат по 2, 5 или 6 декари, 70 посто ќе се откажат“, „Море сите ќе се откажат, оти и 300 денари да е, тие сега ништо не вредат“, – се само дел од реакциите на тутунарите на социјалните мрежи.

  Наспроти ваквите загрижувачки состојби од терен, државата пак, е убедена во сосема спротивното. Само пред десетина дена премиерот и министерот за земјоделие, уверуваа дека тутунопроизводството напредувало како никогаш досега.

  „Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколтата 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7 проценти повеќе од минатата година, кога биле склучени 27.700 договори. Оваа година се очекува да се откупат 21.000 тони тутун што е за над 10 проценти повеќе од она што беше откупено минатата година кога беа откупени 18.600 тони тутун. Имаме тутун со подобар квалитет. Овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот што крајно значи бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството и да продолжат да придонесуваат во развојот на оваа земјоделска гранка“, – рече Димитар Ковачевски, претседател на Влада.  

   Тутунопроизводителите пак, остануваат децидни во проценката дека годинава родот немало да тежи повеќе од 18 до 19 милиони килограми, иако според нив, 10-те откупувачи очекувале да откупат дури и околу 26 милиони килограми тутун, што според тутунарите било илузија.

Каролина Дурло

Advertisements