Се обидува ли Антикорупциска да направи баланс со отворање на случаи за Заев за кои одлуката однапред се знае?

Не е јасна одлуката на Антикорупционерите денеска на седница да отвораат постапки за премиерот Зоран Заев за два случаи поврзани со него, кога исходот однапред се знае. Дали антикорупциска се обидува само да направи баланс оти по налог на гласноговорникот на партијата од власта пред избори отвори постапка за лидерот на ВМРО ДПМНЕ и тоа на два дена пред избори. Денеска на дневен ред на антикорупциска беа два случаи поврзани со Заев – првиот за ГЛОБАЛ; каде беше обвинет за наводна малверзација од 8 милиони евра, но за тоа беше помилуван од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, што според нашето законодавство значи дека за овој случај повеќе не смее да се отвора никаква постапка. Вториот пак е за случајот Поткуп, но и за овој случај Заев доби ослободување од страна на Второстепениот Суд во Скопје. Од Комисијата се правдаат морало да бидат отворени предмети, оти имало пријави за истите.

ДКСК отвори случаи и за фирмите на Заев во Бугарија и продажбата на државното земјиште во струмичката касарна кога Заев беше градоначалник. Експертите се се погласни дека Антикорупциска сега се обидува да ја амортизира одлуката од минатонеделната седница кога на два дена пред избори експресно го послушаа портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и за неполни 24 часа откако тој побара, антикорупцинерите отворија две постапки за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од опозицијата тогаш ја поздравија експедитивноста на Комисијата и рекоа дека со исто така треба да го испитаат имотот и на премиерот Заев како и на неговото семејство.

Ивана Соколовиќ Најдова