Се насукале повеќе од 40 китови: Тажна глетка на плажа во Шкотска, преживеале само 10

Повеќе од 40 китови угинале откако се насукале на плажа на островот Луис во Шкотска. Според податоците на британски нуркачки служби, на плажата има најмалку 55 китови и само десет се живи.

Причината за масовното насукување на китовите и натаму е непозната и експертите сугерираат дека вообичаени овие китови да патуваат во поголеми групи.

Британската нуркачка служба за спасување на морскиот живот (BDMLR) соопштила дека нивните локални лекари за морски цицачи моментално пружаат прва помош, а лекарите од околните подрачја подготвуваат прибор и организираат транспорт до островот.Британската служба минатата година примила повеќе од 3.000 повици за насукани морски видови на брегот на Велика Британија, но размерите од денешниот инцидент се необични.Последен пат во Шкотска се насукале 70 долги црни делфини, од кои 19 угинале во јули 2011-та во Сатерленд.

Advertisements