Се намалува водостојот на реките, водата се повлекува од нивите и домовите, ама остави пустош зад себе

Се намалува водостојот на реките, водате полека се повлекува, ама остава пуспош зад себе. Уништени посеви, оштетени патишта, револтитани граѓани. Ова е епилогот по големите поплави што ја зафатија Македонија. Тетовското село Раотинце се опоравува од надојдениот Вардар. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, во тетовскиот регион поплавени се подруми, дворови, како и обработливо земјиште.

Мештаните од источниот дел на земјава се разочарани од големите штети предизвикани од силното невреме, кое им ги опустоши домовите и нивите. Велат, оваа сезона нема да бидат употребливи оти е веќе доцна да се засадот со земјоделски култури, а периодов што следи се очекува и наезда од комарци.

  • Проценката е дека има околу 150 хектари зафатена земјоделска површина со вода, но сигурно има многу повеќе. Ние пак ќе излеземе на терен и ќе оцениме колку има“, велат жителте.

Мештаните од другите населени места, повеќе од две децении чекаат регулација на коритата на реките, што значи изградба на потпорни ѕидови на најкритичните места каде реката се излева.

Хидролозите велат дека водата постепено се повлекува и постојано ја следат состојбата, но не очекуваат поголеми проблеми од овие што ги имавме досега.

  • Во текот на изминатите неколку дена имаше значително зголемување на водостојот на реките низ земјата, и тоа особено беше потенцирано во голем дел од сливот на река Вардар како имаше забележано и локално излевања на реката при што беа зафатени и повеќе куќи, околу 15 куќи, велат познавачите на состојбите.
  • Од текот на вчерашниот ден по горниот дел од сливот односно во Полошката котлина почна да се намалува веќе водостојот, но меѓутоа се уште имаме локални појави во тој дел, рече Атанас Угрински, раководител  на Оддлението за хидролошки прогнози, базни податоци, студии, информации при УХРМ.

Притисокот, како што додаде, понатаму продолжи да се шири кон низводните станици, кон Велес, Демир Капија.

Во однос на соработката со другите земји за справување со поплави рече дека се во постојана комуникација со земјите од соседство, и тоа, според него, помага во вакви ситуации кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни сливови.

  • Како што е на пример сливот со река Пчиња којшто е исто така е надојден во изминативе денови, а кој што меѓуграничен слив помеѓу Македонија и Србија, вели тој.

Иако предизвикаа сериозни проблеми во добар дел од земјава, обилните врнежи од дожд придонесоа за подбрување на хидролошката состојба во земјава, додаваат хидролозите, но сепак, велат, мора да бидиме внимателни, зошто излевањето на реките кои поплавија неколку села, направија сериозни проблеми.

Инаку невремето кое ја зафати речиси цела Македонија, остави пустош зад себе. Во брегалничкиот регион се излеа кочанска река и ги поплави земјоделските површини, како и куќи и дворови во облешево. Нивото на водата во Калиманци, како и во реките Пчиња и Крива река се стабилизира.

Од Центарот за управување со кризи јавија и за прекин на сообраќајот на неколку патни правци поради наноси од земја. Надлежните, велат, се на терен и работат на расчистување и санирање на состојбата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста