НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се намалува бројот на првачиња во охридските и струшките основни училишта

Се намалува бројот на запишани првачиња во охридските и струшките основни училишта. Новата учебна година е на прагот, а досега се запишани 445 првачиња и е за 94 ученици помалку споредбено со лани кога биле запишани 539.

Бројот на првачиња опаѓа и во струшките училишта. Само ова година запишани се 50-тина помалку, или 496 првачиња, а лани биле 548, покажуваат податоците на Општина Струга.

Причините за намалувања на бројката, како што посочија од Општина Охрид, се иселувањето и намалениот наталитет.

Инаку просветните работници и туристичко угостителскиот сектор остануваат на ставот и побараа МОН уште еднаш да размисли учебната година наместо на 1 да стартува околу 15 септември се со една идеја продлжување на сезоната во туристичките центри.