Се кренаа експертите: итно да се повлечат законите за потребите на „Бехтел и Енка“, треба широка и јавна дебата

Предложените законски измени за потребите на „Бехтел и Енка“ се неуставни, отвораат сомнеж за корупција и злоуптреба. Експертите предупредуваат дека власта турка закони кои, квалификувајќи ги како нациналчен и стратешки интерес, ќе може кога сака да си ги злоупотребува. Ова би значело, на пример, дека во секој момент кога власта ќе има потреба од тоа, ќе се работи 60- часа неделно, или државата би можела да одземе земјиште без правосилна пресуда, само заради давањето зелено светло на споменатите спорни закони.
Експертите бараат повлекување и отворање широка дискусија, затоа што скратената постапка е само уште еден сомнеж за злоупотреба.
Овие измени треба да се повлечат и да одат низ редовна процедура но Владата да обезбеди анализи зошто се потребни , вели Миша Поповиќ – Раководител на Центар за добро управување при Институт за Демократија
Ваквите проекти отвораат сомнеж за самоволие и не се почитуваат правните начела реагираат од Хелшински комитет.
Навистина отвора простор за сомнеж за самоволие да може државата да утврди нешто што неа и е во интерес побрзо да биде направено и го нарушува владеењето на правото., вели Тона Карева – правен советник во Хелшински комитет за човекови права
Еден од најспорните закони е оној за работни односи. Иако владата се обидува да го продаде како поволна одлука за работниците, правниците го урнаа во вода – прекувремена работа, велат тие, е неуставна и никој не може да се откаже од правото на одмор.
Самата содржина е изразито проблематична . Овие предлог амандмани се заобиколува одлуката на Уставен суд , вели Гоце Коцевски – Македонско здружение на млади правници
Власта ќе ги олеснува и процедурите за експропријација, односно наместо со правосилна одлука ќе може да се одземе земјиште само со имотен лист, а археолозите бараат и повлекување на законот за градење кој ќе им даде на „ Бехтел и Енка“ огромни привилегии.
Во однос на Законот на градење и законот за урбанзам го тангираат културното наследство, Орданчо Петков – Македонско археолошко друштво
Ако корупцијата се дозволи да мине, одговорност се знае треба да понесе, сложни се експертите. Според нив, тоа се неколку актуелни министри.
Кристина Алексиеска