Се засилија провокациите и навредите – бугарски активисти на социјалните мрежи „сејат“ омраза и навреди кон македонски историчари и професори

Македонија е бугарска, македонската историја е фалсификат, македонскиот народ никогаш не постоел, народот во Македонија е бугарски. На социјалните мрежи изминатиов период инстензивно се води бугарска пропаганда, се шири говор на омраза кон Македонците и се негира се што е македонско. Дилемата која останува неразрешена е дали се ова вредностите од Договорот за добрососедство и пријателство? На фејсбук има голем број страници каде се споделуваат карти од таканаречена „Голема Бугарија“, се пропагира дека македонскиот јазик бил создаден во поранешна Југославија, и речиси сите кои членуваат во овие групи се согласни дека благодарение на Бугарите постоела Македонија.  Една од поактивните е групата „Македонија е бугарска“ каде буквално на секој можен начин луѓето се обидуваат да ја понижат земјата. Во описот на групата стои:

Македонија е дел од бугарската историја, населението е со бугарско потекло, поделено на повеќе држави. Бугарија нема територијални претензии кон ниту една земја, иако овие територии се бугарски со векови. Секој е слободен да се чувствува како што сака, но никој нема право да ја менува историјата и да ја искривува како што му одговара.

„Бугари од Македонија“ е уште една страница во низата, која шири невистини за македонскиот јазик. Оваа група има околу 10 илјади следбеници, а насловната фотографија е на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тие дури во една прилика објавиле и таканаречени стенограми, за историјата на нашиот јазик.

Прогласен за официјален во Македонија „македонски јазик“ (создаден во 1944-1945 година, во поранешна Југославија) ​​е југозападна писмено-регионална норма на бугарскиот јазик – пишува на страницата „Бугари од Македонија“.

Од бугарските власти со години сме бомбардирани со тезата дека во Македонија имало говор на омраза кон Бугарите и Бугарија, но никој од нив никогаш не признал дека говорот на омраза во голема мера е присутен и кај самите Бугари. За разлика од нив, кои реагираат за се, македонските власти како да се глуви за овие случувања. До сега Македонија не изреагирала за оваа бугарска пропаганда. Ниту македонската дипломатија некогаш испратила протестна нота.  За македонските власти не се довлни и погрдните зборови насочени кон истакнати македонски научници и истражувачи, професори македонисти историчари па и новинари.  Еден од коментарите кои ја згрози јавноста е за универзитетската професорка по македонски јазик Елка Јанчева-Улчар:

Српско-македонистката Елка Јачева-Улчар е професорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ – пишува на страницата.

Говор на омраза има и кон повеќе историчари. Еден од коментарите се однесува на македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев за кого се вели дека е „струмички селанец, од селото Ново Коњарево, кој ја носи титулата „професор по историја“ на скопскиот универзитет“

Ако се суди според оваа бугарска пропаганда, говорот на омраза е најмногу насочен кон македонскиот идентитет но истите тие луѓе кои ги шират овие невистини, прстот го впериле и во Македонската академија на науките и уметностите, па во еден коментар се вели дека „МАНУ е одговорна за десетици фалсификати и тенденциозни манипулации со историјата на Бугарите од Македонија“.

Адријана Алексиеска

Advertisements