Се запали автобус на АРМ, нема повредени

Автобус на Армијата на Република Македонија утринава околу 6:30 часот се запалил движејки се на релација Пробиштип-Кратово, на четири километри од Пробиштип. Повредни нема, а причинета е само материјална штета.

Случајот го потврдија од СВР Штип, а од Министерството за одбрана најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение за случајот.

Автобусот бил полн со војници кога избувнал пожарот.

Во изјава за МИА, градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов вели дека возачот на автобусот реагирал навреме и сите војници кои се превезувале со автобусот безбедно се симнале. Автобусот е целосно изгорен.

Од Министерството за одбрана се очекува наскоро да излезат со соопштение околу целиот случај