Се додека државата не стави ред ќе јадеме „фалсификуван“ мед

Honey.

Државата да стави ред во производството и продажбата на мед, бараат пчеларите со цел да се стави крај на нелојалната конкуренција која прави и продава ваков производ додавајќи неприродни состојки. Додека се чекаат институциите да го спречат создавање на фалсификуван мед, пчеларите апелираат граѓаните да купуваат од познати производители.

Во некои европски земји ги контолираат директно продавачите што се од куќен праг. Доаѓа инспекторот без да се легитимира, откупува мед и потоа му се легитимира и се врши анализа. Мора да се извршат детални анализи и што точно се продава. Од институциите, а не од нас како здруженија. Ние немаме овластувања да се санкционираат такви продавачи изјави Владимир Петровски, здружение на пчелари „Полошки мед“

Пчеларите како и сите земјоделци се погодени и од економската и енергетска криза, како и зависноста од климатски промени и непогоди, па затоа е потреба државната помош.

Потребно е да смени начинот на субвенционирање и да се помогна оние професионални пчелари, оние пчелари кои живеат од пчеларството и имаат 400-500 друштва. Кои секојдневно се на пчеларниците. Кај нив е потребна голема помош – додава Владимир Петровски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски со најава за можно решение-дека ќе се правел поправеден и реален модел на субвенции, како и дека ќе се утврдуваат манипулации во производство  бидејќи се помалку мед има на пазарите.

Во Тетово денеска започна анализа на испратените 260 примероци мед од 21 земја во рамки на натпреварот за квалитет на мед што го организираат две тетовски здруженија на пчелари.

Александар Самарџиев