Се додека Бугарите не се помират дека Македонска нација постои, не треба воопшто да разговараме

Бугарија го негира македонескиот идентитет за да си ја исперат својата совест и децениските тврдења дека Македонците не постојат и дека Македонија е нивна територија. Се додека Бугарите не смогнат сили и не се помират со тоа дека македонската нација е како и секоја друга нација во Европа, не може заеднички да чествуваме дејци, настани или да воопшто да разговараме. Секоја дискусија е абсурдна и непотребна, изјави професорот Илија Ацески, на трибината наречена „Глобализација, идентитет и евроинтеграции“ организирана од здружението на ветерани и резервисти од областа на одбраната.

– „Она што го бара Бугарија од Макеоднија, никаде неможе да го најдете во светот. Одговорот е краток. Се надевам ќе се покаже како излез. Бугарите мора да го исперат тоа што стотици години наназад го тврдат за нас. Дека македонците не постојат, дека ова е нивна територија. Дека ние сме биле вештачка нација. Сите нации се вештачки. Ние сме биле во 44 од комунистите. Не сме постоеле. Да си ја исперат својата совест и свест. Еден обичен граѓанин на Бугарија, кој е мариниран во тие наративи. Ако Бугарија смогне сили и се согласи, се сложи со тоа дека има македонци на почетокот на 20тиот век и дека македонската нација се формира како и секоја друга нација во Европа и поширроко. Тогаш ние може да разговараме и да чествуваме некој од заедничките дејци. Да чествуваме неастани. Но се до тој момент, дур тие не се помират со тоа, не би трербало воопшто да се разговара. Секоја дискусија е апсурдно за нас и непотребно.
Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени.“ – Истакна Проф. Илија Ацески

– „Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени. Нацијата се ствара пртеку долг процес на еволуција, на одреден геогрфски простор, на одредени карактеристки. Процес на еволуција. Актуелни проблеми во врска со македонскиот национален идентитет. Македонската нација е автохтона нација, со развој, потекло и карактеристики. Осопорување на тоа преставува абсурд. За жал на тие абсурди тврдења ги слушаме од политичари и од науката.“ – Вели Проф. Темелко Ристески, актуелен претседател на здружението на ветерани и резервисти

Главен фокус на настанот беше Македонскиот идентитет во услови на процес на евроинтеграција, како локален сегмент на процесот на глобализација и каде се наоѓа македонија во овие расправи и дискусии.

Новинар: Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести