Се вжештуваат односите Влада – Синдикати, на големо се најавуваат штракови во УЈП и Царина

Односите меѓу Владата и синдикатите се повеќе се вжештуваат. Вработените и во Управата за јавни приходи и во Царината не отстапуваат – доколку не добијат покачувања на платите од наредната недела се поизвесно е дека ќе бидат блокирани и финансиските трансакции преку УЈП, како и граничните премини.

Врие во Управата за јавни приходи и во Царината. Откако вработените најавија генерален штрајк најверојатно од следната недела, власта наместо решение се крсти во помирувачот кој има задача да ја смири ситуацијата. Ако се штрајкот стапи на сила, ќе се блокираат институциите, односно државниот апарат, како и ќе се затворат границите, не попуштаат Синдикатите. Тие бараат да им биде исплатен додатокот на плата од 30%, кој како што велат, никогаш не го добиле.

  • Ние многу сакаме да се најде решение, но работниците го имаат последниот збор. Тие се многу разочарани и револтирани, вели за Алфа Васе Наданоски, од синдикалната организација при УЈП.

Синдикатите, но и јавноста е бесна и прашува зошто Владата кога ги зголеми платите на функционерите не размислуваше за тоа дали има пари во буџетот, а сега кога вработените во УЈП и Царина бараат повисоки плати за 30%, се користат аргументите дека буџетот бил празен. Синдикатите ова го оценија како директна закана за вработените и правото на штрајк.

  • Министерството за финансии имаше забелешки на договорот за наводни финансиски импликации по буџетот на Македонија по што се изготви содржина на колективниот договор прифатлива за сите. Но до ден денеска, од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот не е добиена, а вработените во управата не можат да го остварат своето право на повисоки плати. Затоа решивме да го одржиме денешниот протест. За 14 години платите на вработените во УЈП се корегирани само за 5%, а во последните 4 години ниту еден денар. Ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, условени од неисполнување на работните задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрајк на што се инсистира од страна на вработените, вели Наданоски, од синдикалната организација при УЈП.

Експерти велат дека на ваков начин Владата сака само да го одложи зголемувањето на платите на вработените до следната година, бидејќи имало проблем со планот за распределба на парите во буџетот.

Претходно, од Владата рекоа дека „Не за пет, туку за две години ќе имало покачување на платите во администрацијата“, што дополнително предизвика револт кај сите. Па така, останува отворено прашањето, Дали граѓаните ќе останат без плата, буџетот без даноци, а граничните премини со спуштени рампи.

Ако Парламентот каже дека УЈП и Царина треба да добијат зголемени плати како нивните колеги од финансии, немал да проблем, велат од Влада. Министерот за финансии и Премиерот смета дека требало да има ветинг за сите вработени во јавната администрација.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста