НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се бара спас за Ј.П. „Исар“ Штип – продаваат имот во вредност од 15 милиони евра

Деловен имот на Градскиот пазар, ќе продава штипското комунално претпријатие Исар. Ова е една од шесте одлуки кои Управниот одбор ги донесе, со цел претпријатието да излезе од  тешката финансиска криза. Двата објекти не се користат речиси пет години. Со продажбата на 120-те квадрати, доколку Советот дозволи, на сметката на Исар ќе легнат околу 15милиони денари.

Сметам дека ќе допринесат за зголемување на приходот на ЈП„Исар„ за да може практично ги сервисира постојаните обврски коишто ги има и по основ на кредит од минатото и по основ на добавувачи со коишто соработува претпријатието„ изјави Иван Јорданов, градоначалникот на Штип.

Освен продажбата на двата магацини, Управниот одбор донесе одлуки да до крајот на годината бројот на вработени се намали за 30лица, прекуквремените работни часови, наместо со пари да се надоместуваат со слободен ден и уште еднаш од Министерството за финансии да побарат отпис на каматата за кредитот земен од пред дваесетина години.

  „Ако долгот е 5милиони евра кон Министерството за финансии, 1,5милиони евра е основна главнина, а остатокот речиси 3милиона евра е камата којашто нараснала како резултат на несервисирањето на основната главнина во изминатите години„ изјави Иван Јорданов, градоначалникот на Штип.

Штипското комунално претпријатие подолг период се соочува со финансиски колапс, а според Јорданов тоа се должело на недомаќинското работење на претходните раководства. На почетокот од месецот ЕВН ја блокираше сметка на Исар, па поради тоа на вонредна седница Советот на општината донесе одлука, со ребаланс на Буџетот на комуналното претпријатие му се префрлат 18милиони денари. 

Александра Ристевска