Се бара сеопфатна истрага и за Али Ахмети

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини коменирајќи го ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, нагласува дека е потребна истрага и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Според Хајредини зад назначувањето на Мерко за градоначалник стои токму Ахмети а сите кадри што ги назначува лидерот на ДУИ одговараат пред него. Во однос на наводите за криминал и корупција на Мерко, Хајредини вели дека неговите активности ги криел и поранешниот премиер Зоран Заев.
„Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица. Освен за правосудството, генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот“, пишува Хајредини во неколку статуси објавени на својот Фејсбук профил.