Се бараат казни за трујачите на коњите во скопската зоолошка
Информацијата дека коњите во Зоолошката градина во Скопје биле отруени со брзоделувачки отров ја зовреа јавноста . Активистите за заштита на животните бараат затворска казна за стореното дело . Според Тина Мицковска, која е и вработена во скопската зоолошка градина се сомнева на одмазда од поранешни вработени со медицински познавања . Таа во својата објава на Фејсбук порачува дека не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа.
Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите нас што ги сакаме животните, на сметка на тие што земале плата, а мразеле животни… Верувам истрагата ќе покаже се и ќе се докаже кој стои зад ова монструозно дело , напиша Тина Мицковска , активист за заштита на животни.
И Војо Иванов, кој исто така е вработен во Зоолошка побара казни за сторителите .
Од Зоолошката градина ја потврдија веста дека коњите се отруени и информираа дека е поднесена кривична пријава. По реакциите во јавноста посочиа оти убиецот ќе си го најде полицијата, а од надвор не треба да се суди .
Многу лесно е да се суди однадвор. во ЗОО скопје има постојана грижа за благосостојбата на животните и се бориме за создавање на се подобри живеалишта. ова што се случи е надворешен фактор, а за безбедносен пропуст со 80 ден карта и тоа што го имаме и правиме е премногу. 630 животни има во моментов во ЗОО, знаете ли колку храна и нега треба за нив? А, убиецот ќе си го најде полицијата, во интерес на сите е тоа, коментираат од Зоолошката градина.
Три коњи во три дена кои угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.
Кристина Алексиеска