Сестрата од Онкологија што доби втора шанса да краде цитoстатици не се појави пред обвинител

Сестрата од Онкологија за која се водат две постапки за кражба на лекови денеска не се појави во Обвинитеслтвото на распит. Оттаму информираат дека трагаат по неа и проверуваат каде се наоѓа, а според дел од  медиумите , таа не е воопшто во земјава туку е замината во Германија.

И по една недела  обвинителството кое го  расчистува грозоморниот скандал што изби на Онкологија за нелегалната мрежа со препродажба на лекови за болните од карцином, не објавува за кое дело водат предиистрага, колку доктори и сестри се опфатени и дали има конкретни докази за одредени лица.

Во меѓувреме онколошки пациенти влегоа во обвинителство да се информитаат до каде е предистрагата. Оттаму излегоа задоволни од средбата и убедени дека се врши детална истрага. Тие од ОЈО бараат да се објави листа на доктори и сетсри, и за кои терапии се вршени злоупотребите.

Тие апелираат до јавноста да се смират страстите и секој што има информација да пријави, а обвинителите да се остават за да си ја завршат работата до крај.

Инаку,  сестрата за која има две постапки, а медиумите известува уште пред 6 месеци дека е фатена како краде терапја, успеала со туќба да се врати на работа. Сепак, во 2023 таа добива уште една пријава зашто самата си зела од лековите кои биле дадени на доверување.

Јавоста не се смирува за громозрниот скандал кој е идентичен на геноцид. Онколошките пациенти најавија протести и во иднина икако и понатамошни средби со обвинителство се додека не се расчисти случајот. Тие апелираа до јавноста партиите да стојата настрана од истрагата и да не го користат случајот за политилки поени.

Една недела откако истражители на ОВР и ОЈо влекога на ОНкологија и одземаа компјутери и опрема која дополнотелно треба да се вештачи и да ја расветли истрагата. Исто така од она пштоп засега е познато претреси се вршени во два стана кај вработени на Клиниката.

Паула Костадиноска

Advertisements