Серијата Чернобил ја открива најголемата руска тајна?!

Новата хит-серија „Чернобил“ потсетува на тоа колку е опасен човекот.

Нејзиниот документарен стил е неопходен. Маестралните актери како да не глумат, а нивниот реализам оди до таа граница што во ниеден момент не ви пречи тоа што не зборуваат на руски, туку на англиски. Целата вистинска приказна за чернобилската катастрофа сама по себе е премногу тешка. Таа и денес е опомена и се чини дека авторите на серијата ѝ пристапиле многу внимателно.

Ќе го видите она што останало скриено од јавноста, детали за тоа зошто, како и колку долго се криеле тие факти за катастрофата, колку малку вредел човечкиот живот во Припјат во 1986-та година.

Актерите во самата серија не зборуваат со руски акцент, што било избор на авторот Крег Мазин и на режисерот Јохан Ренк. Рускиот намерно е вметнат во секоја епизода без титлови, сегментарно.

Зошто оваа серија езастрашувачка?

Постојат неколку фактори – актуелноста, реализмот, ретроспективата, надуеноста. Најголемиот страв на луѓето на власт, кои ја негираат и лагата, не е масовната смрт, туку нивното и понижувањето на рускиот народ.

Пол Ритер го игра заменик-главниот инженер Анатолиј Дијатлов, кој никако не ја признава вистината. Тој е непријателски расположен кон неговите потчинети работници, им кажува што правеле и што не виделе, што се случува, а што не, без трошка преиспитување.

Ако ништо друго, од „Чернобил“ го добивате одговорот на главното прашање: Која е цената на лагата? Во овој случај тоа се човечките животи. Тоа прашање го поставува хемичарот Валериј Легасов (Џаред Харис), кој ја водел истрагата за Чернобил и се самоубил две години подоцна.