Сериозни проблеми со законот за познатата пајачка: Шакира затаила 14,5 милиони евра данок

In this May 16, 2017 photo, Colombian performer Shakira poses for a portrait in New York to promote her 11th album "El Dorado". (Photo by Victoria WIll/Invision/AP)

Против светски познатата пејачка и девојка на играчот на Барселона, Жерард Пике, Шакира, наскоро ќе биде покренат процес за даночно затајување од 14,5 милиони евра.

Ова го објави шпанското издание „Ел Паис“. Според информациите, ова се однесува на неплатен данок на доход и данок на имот во периодот од 2012 до 2014 година.

Од 2011-та година, пејачката живее во Барселона со Пике, со кого има два сина. Според шпанскиот закон, ако некое лице живее на територијата на земјата повеќе од половина година, тој автоматски е должен да плати данок на доход, вклучително и пари потрошени во странство.

Истрагата не ја исклучува верзијата дека Шакира покажала дека живеела на Бахамите за да избегне данок.