НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сенародна прослава без народ – Одбележувањето на Илинден доказ дека оваа власт е однародена

120 години од поставувањето темели на Илинденска Македонија. Сенародна прослава, но без народ. Скриен зад тврдината Кале, премиерот прв побегна од прослава со граѓаните за празникот на Републиката. Без масовни посети се одбележуваше 79 години од АСНОМ во Пелинце и на манастирот Прохор Пчињски, а со свирежи спикерот Џафери се обраќаше пред македонскиот народ во Крушево.

Многубројните посети за Илинден и во Крушево ги нема веќе. Истовремено расте и незадоволството кај граѓаните.

Со ироничен статус реагираше и екс-министерот за финансии, Харедини, кој пишува дека немало кој да го исвирка премиерот на Кале, каде празникот се одбележуваше без присуство на граѓани.

  • На Талат му свиркале, додека на Ковачевски немаше ни кој да му свирка“, пишува Хајредини.

Дека прославата за Илинден ќе биде чиста фарса, за Алфа говореше професорката по историја, Катерина Тодороска. Ковачевски прославуваше на Кале, кое на никаков историски начин не се поврзува со 2-ри Август, бидејќи не сака да се соочи со народот, смета професорката.

  • „Не сакате да се соочите со сопствениот народ кој ве плаќа, или втората работа е омаловажите, да го потцените, и да го натерате народот да го заборави инконското чувство кон Илинден или да го пренасочите кон Кале.. Кале не значи ништо за 2-ри Август“вели професорката Тодороска.

Но, не само годинава, и лани прославата за Илинден не помина како што се памети. Ковачевски минатата година обезбеден со над 1000 полицајци се обраќаше на Мечкин Камен, а голем број автобуси го наполнија Крушево, за кои на социјалните мрежи беше објавено дека се организирани од владејачката СДСМ. Сепак ниту тоа не беше доволно Ковачевски да не биде пречекан со свирежи, покрај аплаузите најверојатно од своето партиско членство.