Семејството на убиениот Македонец во Бугарија ги демантира информациите дека Игор бил педофил, а најавува и тужба

„За нашиот Игор може се’ да се рече, дека бил секаков, ама педофил – е голема лага. Зошто некој се обидува и мртов да го оцрнува на ваков начин, јас навистина не знам. Освен ако бугарските власти не сакаат да скријат нешто поголемо во врска со неговото убиството“. Ова е сведоштвото на братот од Игор Николоски од Кривогаштани, а кој пред неколку дена беше убиен во Сончев Брег во Бугарија.

Она ништо не е точно. Значи, мене брат ми е. Никогаш не бил нападен, никогаш не бил насилен. Сето она е измислица со малолетникот. Со кого сакате овде во Кривогаштани да разговарате. Беше Игор значи за со сите и некои лоши зборови немало“, ни изјави за Алфа, Роберт Николоски, брат на убиениот Игор.

Според зборовите на Роберт, нивното семејство било сиромашно, ама домаќинско и чесно. Игор го зеле во Бугарија неговите внуци. За да заработува за живот. Лани бил првпат таму, а година заминал во јануари. И  сега ова што му се случило, Роберт вели дека никако не може да го разбере. Тој најавува дури и тужба доколку има некој адвокат кој бесплатно би ги застапувал во докажувањето на вистината за тоа кој навистина бил Игор. А исто, на ова семејство сега потребни им се и најмалку 1.500 евра и за да го пренесат телото овде, а кои тие ги немаат.

Ќе побараме… Прво колку пари ќе ми побара тој адвокат, ако јас не успеам за многу пари да ми земе, или ако се успее нешто да можеме за да се извлечеме“, ни рече Роберт.

Инаку, додека бил во Македонија, Игор работел на повеќе места. Работел во Стовариште за градежни материјали во Кривогаштани, а работел и на Бензиски пумпи во Прилеп и во Кривогаштани и, според кажувањата на неговите соселани, никогаш никаде немало никаков проблем кој би укажувал на некаква негова настраност.

Според бугарските медиуми пак, 49-годишниот Игор Николоски бил убиен од 14-годишен деликвент од Несебар, наводно во самоодбрана заради сексуален обид врз него. Малолетникот кој веќе е во притвор, од жртвата украл и 1.800 лева, што не му било првпат. Тој, исто вакво криминално дејствие имал и врз украински државјанин, кој за среќа останал жив и бил само ограбен.

Каролина Дурло

   

Advertisements