Семејното и родово базирано насилство земаат се поголем замав

Семејното и родово базираното насилство земаат се поголем замав во Македонија. Бројката на пријавени сторители за минатата година, укажува дека оваа табу тема се почесто излегува од 4-те ѕида на домот. Во 2021 година, за семејно насилство биле пријавени 1097 сторители. Дел од нив, биле извршени под дејство на алкохол, или пак како последица на нарушено ментално здравје на сторителите. Експертите алармираат, дека бројките се видно покачени во однос на  претходните години, а особено се зголемиле во време на пандемијата..

Во 2021 година евидентиран број на жртви е 1608, од нив 274 се мажи, а 1119 се жени, додека 215 се деца. Физичко насилство пријавиле 833 жртви, психичко 1234 жртви, економско насилство 36 жртви, а сексуално насилство 16 жртви, изјави Маја Христовска од невладината организација Аналитика

Застрашувачка е инфомрацијата, дека од 2017 до 2020 година, извршени се 22 убиства на жени, најголем дел од нив,  биле убиени од страна на нивниот сегашен или поранешен партнер. 6 малолетни деца биле сведоци на овие убиства во својот дом.

Во Македонија постојат 16 шелтер центри, како и советувалишта, кои што може да ги згрижат жртвите, но, проблемот е, што не пријавуваат сите, така што реалниот  број на жртви на семејно насилство, е многу поголем од тој што се наведува во најновите статистики.

8 служби се управувани и водени од граѓански организации, од кои 7 се наоѓаат во Скопје. Има 9 прифатилишта на жртви, но нема ниедно во Полошкиот и Североисточниот дел на државата, изјави Маја Христовска од невладината организација Аналитика

Проблемот со родово и семејно насилство, не е ексклузивен само за Македонија. Генерално, со него се соочуваат сите балкански држави, што беше потврдено и од претставниците на Србија и Албанија, кои учествуваа на денешната  работилница од проектот  „Подигнување на свеста против семејно насилство’’.

Бојана Златкова

Advertisements