Селтик можна опција за Мурињо

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, во следната сезона може да го предводи Селтик.

Според „Скај спорт Италија“ португалскиот фудбалски стручњак е подготвен да ја разгледа понудата од шкотскиот клуб.

Сепак, неговиот агент Жорж Мендес се обидува да воспостави контакт со ПСЖ, каде што Мурињо може да ја има својата нова работа, доколку си замине сегашниот тренер Томас Тухел.

– Ако Тукел остане во ПСЖ, Мурињо би можел да се согласи со опцијата да го преземе Селтик, рече Мендес.

За потсетување последната работа на Мурињо беше во Манчестер јунајтед, кој го напушти во декември 2018 година.